fbpx

Најбрзите и најмоќните автомобили за 2018 година

Специјално за вас издвојуваме десет супер автомобили кои ја одбележаа оваа година

Оваа 2018 година е речиси при крај, а со сигурност можеме да кажеме дека беше одбележана со премиерите на огромен број одлични и нови модели. Меѓу нив, значителен дел од возбудата предизвикаа супер и хипер автомобилите, а за вас ги издвојуваме набрзите и најмоќните десет.

На првото место се наоѓа хрватскиот Rimac C_Two, кој со помош на своите четири електрични мотори, испорачува комбинирана моќност од 1914 коњски сили и вртежен момент од 2.300 Nm. Производителот тврди дека овој модел забрзува од 0 до 100 километри на час за неверојатни 1,97 секунди, и достигнува максималната брзина од 415 километри на час.

Најбрзите и најмоќните автомобили

Второто место му припадна на ексклузивниот Bugatti Divo. Со цена од 5 милиони евра, ограничената серија од само 40 примероци се распродаде уште веднаш. Со моќност од 1500 коњски сили, Divo од 0 до 100 километри на час забрзува за 2,4 секунди и достигнува максимална брзина од 380 километри на час.

Најбрзите и најмоќните автомобили

Нареден на листата е Zenvo TSR-S, кој претставува супер автомобил со моќност од 1.193 коњски сили, кој од 0 до 100 километри на час забрзува за 2,8 секунди и достигнува максимална брзина од 325 километри на час.

Следен е хипер автомобилот на McLaren наречен Speedtail, кој претставува наследник на легендарниот McLaren F1. Speedtail доаѓа во ограничена серија од само 106 примероци со цена од 2,25 милиони долари. Со помош на своите 1.036 коњски сили, од 0 до 300 километри на час овој модел забрзува за 12,8 секунди.

На петтото место се најде Ferrari Monza, кој со своите 789 коњски сили, претставува најмоќен мотор што Ferrari го направил досега. Со каросерија целосно изработена од карбонски влакна, Monza од 0 до 100 километри на час забрзува за 2,9 секунди.

Најбрзите и најмоќните автомобили

Листата ја продолжуваме со Lamborghini Aventador SVJ. Овој модел претставува најекстремната верзија на Aventador досега, погонувана од најмоќниот V12 мотор кој Lamborghini го има создадено. Со титаниумски делови, 6,5 литарскиот мотор испорачува 759 коњски сили и од 0 до 100 километри на час забрзува за 2,8 секунди.

Најбрзите и најмоќните автомобили

Нареден е Chevrolet Corvette ZR1. За само 150.000 долари добивате V8 мотор со 755 коњски сили, 341 километри на час максимална брзина, како и забрзување од 0 до 100 километри на час за 2,85 секунди.

Најбрзите и најмоќните автомобили

Осмото место му припадна на Aston Martin DBS Superleggera, прекрасно GT купе кое е навистина тешко да се задржи во лента. Ова се должи на 5,2 литарскиот V12 мотор, чија излезна моќност изнесува 715 коњски сили и вртежен момент од 900 Nm.

Претпоследен на листата Nissan GT-R 50 Italdesign, чие производство е ограничено на само 50 примероци. Со овој модел, Nissan и Italdesign прославија 50 години од своето постоење. Цената на овој модел изнесува 990.000 евра, а опремен е со 3,8 литарски V6 мотор, кој испорачува 710 коњски сили и 780 Nm вртежен момент.

Најбрзите и најмоќните автомобили

На последното место на оваа листа е хибридниот Porsche 919 evo, кој претставува еволуција на добро познатиот 919. Тежината му е намалена за 39 килограми, па така овој модел сега тежи 849 килограми. Задржан е истиот V4 мотор со излезни 710 коњски сили без ограничувања на протокот на гориво.

Најбрзите и најмоќните автомобили

 

Поврзани вести

Back to top button