Peugeot нуди еко-мобилност во согласност со својата стратегија
Еко-мобилноста се усогласува во контекст на препознатливата стратегија „Моќта на изборот“ на францускиот производител Peugeot
Еден од главните предизвици на 21 век е урбаниот простор да се направи „поднослив“, а тежнеењето за создавање „подносливи градски средини“ го делат сите жители на градот. Факторите како што се квалитетот на воздухот, растот на е-трговија и доставата до дома, како и зголемувањето на бројот на алтернативни превозни средства го менуваат изгледот, сообраќајот и начинот на живот во големите урбани центри. Во согласност со сето ова, и Peugeot се прилагодува за ова ново сценарио со глобална посветеност на електрификација и има за цел до 2023 година да има 100% електрифицирана гама.
Ова е овозможено денес, благодарение на урбаните возила како што се новиот Peugeot e-208 и Peugeot e-2008, но исто така благодарение на комплетната палета од 100% електрични комерцијални возила, способни да ги задоволат сите видови потреби за транспорт и испорака.
„Моќта на изборот“ е еден од столбовите на технолошкиот напор на Peugeot. Новата генерација на електрифицирани автомобили им нуди на клиентите на брендот можност за избор на тип на енергија што одговара најдобро на нивните потреби и користење, без да се жртвува дизајнот, удобноста, нивото на опрема, просторноста, капацитетот на товарниот простор или задоволството при возење. И патничките автомобили и комерцијалните, сите тие го нудат истиот простор за товар и функции за помош на возачот како и нивните верзии со внатрешно согорување.
100% електрични
Peugeot e-208 е демонстрација на слобода на движење, како во градот, така и по автопат. Неговата батерија со голем капацитет од 50 kWh обезбедува опсег до 340 km, a неговиот мотор од 100 kW (136 КС) обезбедува 230 Nm вртежен момент. Благодарение на трите различни режими на возење Eco, Normal и Sport, e-208 нуди широк спектар на можности.
Од друга страна, Peugeot e-2008 ја обновува понудата во компактниот SUV сегмент со возило кое е подолго, пониско, технолошко и поефикасно од неговиот претходник. Слично како кај e-208, e-2008 е опремен со мотор од 136 КС со вртежен момент од 260 Nm и батерија со капацитет од 50 kWh што обезбедува опсег до 320 km според протоколот за одобрување на WLTP. Батериите се инсталирани на дното од возилото и обезбедуваат идеален центар на гравитација и референтна рамнотежа помеѓу удобноста и однесувањето.
Благодарение на платформата CMP / e-CMP, на која беше планирана електричната верзија на почетиот дизајнот, пространоста останува на врвно ниво. Со меѓуоскино растојание од 2,60 m и вкупна должина од 4,30 m, патничкиот простор и седиштата во 2 ред се совршено компатибилни за семејна употреба. Конечно, волуменот на багажникот е ист без оглед на верзијата и има капацитет до 434 литри.
Бескомпромисни хибриди
Кога станува збор за хибридни возила на полнење, Peugeot нуди една од најразновидните палети на пазарот.
Со новиот Peugeot 3008, најпродавано возило на брендот, достапен во својата хибридна верзија со 225 КС погон на предните тркала или 300 КС погон на сите тркала и Peugeot 508 и 508 SW. Магичниот ефект на 100% електричен режим ZEV, ефикасноста на режимот на погон на сите тркала (HYBRID4), моќноста на спортскиот режим и разноврсноста на хибридниот режим обезбедуваат вистинско задоволство при возење и андреналин. Опсегот на plug-in хибридите на Peugeot овозможуваат до 4 режими на возење (Electric, Hybrid, Sport и 4WD).
Во поново време, со 508 и 508 SV Peugeot Sport Engineered, француската компанија го претстави првото поглавје на својата етикета со високи перформанси. Погонскиот агрегат испорачува 360 КС и 520 Nm вртежен момент благодарение на комбинацијата на топлинска и електрична енергија, со рекордни емисии на CO2 на km. Оваа верзија со високи перформанси е одобрена според протоколот WLTP со 46g CO2 / km, што е еквивалентно на 2,03 литри / 100 потрошувачка!
Комерцијалните возила ја следат филозофијата
Големиот раст на активностите за е-трговија, каде што брзината и испораката до дома се клучни елементи, важноста да се има возен парк електрифицирани комерцијални возила, ја покажа во последниве години, особено во период на здравствената кризна состојба. Француската марка сега е еден од главните играчи на овој пазар со лансирање на 100% електрични верзии на комерцијални верзии со средна и голема големина: новите e-Traveller, e-Expert and e-Boxer.
Базирани на мулти-енергетската модуларна платформа EMP2, Peugeot e-Expert и e-Traveller овозможуваат 100% електричен погон со максимална моќност од 100 KW и максимален вртежен момент од 260 Nm достапен од самиот почеток. Електричниот погонски агрегат е сличен на оној кај новиот e-208 и e-2008. Во зависност од потребите на секој корисник, достапните капацитети на литиум-јонските батерии се 50 kWh и 75 kWh, што овозможува да се постигне опсег до 230, односно 330 km соодветно, според протоколот за одобрување на WLTP.
Верен на стратегијата „моќта на избор“, е-Boxer, пак, нуди широк спектар на големини за да одговараат на секоја употреба и секоја работа. Базиран на 3 должини на меѓуоскиното растојание, затворените фургони доаѓаат во 4 должини и 3 висини , за вкупно 5 големини на зафатнина од 5 до 17 m³ и носивост до 1890 kg, во зависност од верзијата. Новиот е-Boxer нуди двоен опсег. Во зависност од барањата, достапните капацитети на литиум-јонските батерии се 37 kWh и 70 kWh.
Широк спектар на опции
Како и патничките автомобили во гамата на Peugeot, електрифицираните верзии на комерцијалните возила не ги загрозуваат корисните перформанси, модуларноста или трансформациите специфични за професионалните клиенти и овозможуваат неограничен пристап до централните подрачја на градот.
Гамата на комерцијални возила на Peugeot сега е 100% електрифициранa. Брендот неодамна ја заврши својата понуда со 100% електрична верзија на комерцијалното возило Peugeot Partner. Базиран на eCMP платформата, погонскиот агрегат ќе биде составен од 50 kWh електрично батерија со водно ладење со капацитет за полнење до 100 kW, електричен мотор од 100 kW / 136 КС и полнач за во автомобил достапен во две нивоа на моќност (Еднофазен 7,4 kW и трифазен 11 kW).