fbpx

Официјално доделени наградите Златно Тркало

Синоќа на свечен настан во Рагуза 360 официјално беа доделени наградите од првиот Избор за најпосакуван автомобил „Златно Тркало“

Наградите за најпосакуван автомобил во Македонија според изборот на „Златно Тркало“ синоќа беа и официјално доделени на настан на кој присуствуваа ограничен број гости, претставници на автомобилската индустрија во нашата земја.

Златно Тркало

Изборот и гласањето, кое траеше од 15 до 28 февруари, одамна е завршено и прогласени се најпосакуваните автомобили во пет различни категории. Официјалната манифестација на доделување на наградите за лауреатите првично требаше да се одржи во април, меѓутоа поради добропознатата здравствена ситуација во светот и кај нас, истата беше неколкукратно одложувана, за конечно синоќа, во Рагуза 360, со следење на сите пропишани мерки и протоколи во битката против коронавирусот, да бидат доделени официјалните награди.

Настанот го водеше актерот Жарко Димоски. Збор зеде и Виктор Кошевалиски, главниот уредник на Авто Плус кој имаше пригодна реч, ја објасни целата ситуација и им даде поддршка на претставниците на автомобилската индустрија во Македонија. Овој настан е за промоција на новите и еколошки возила кај нас, подобра животна средина и безбедност во сообраќајот.

Како потсетување за победниците, во категоријата на најпосакуван електрифициран автомобил победи Toyota RAV4, во категоријата на најпосакуван семеен автомобил како победник е прогласен Hyundai Elantra. Во категоријата на градски автомобили за најпосакуван е прогласен Volkswagen T-Cross, додека во бизнис класата за најпосакуван е прогласен Seat Tarraco. Главната награда за најпосакуван автомобил во нашата земја е прогласен Range Rover Evoque.

Златно Тркало

Наградите ги подигнаа претставниците на официјалните импортери и застапници на брендовите кои беа лауреати на првиот Национален избор за најпосакуван автомобил во Македонија.

Авто Плус како иницијатор и еден од организаторите на овој настан уште еднаш им честита на победниците во првиот национален избор за најпосакуван автомобил „Златно Тркало“.

Во прилог ви нудиме можност да го погледнете целиот настан, доколку синоќа пропуштивте да го следите во живо.

Галерија:

Поврзани вести

Back to top button