Златно Тркало 2020 – листа на финалисти за Најпосакуван Автомобил
Организаторите на првиот избор каде Вие го избирате автомобилот на годината, имаат чест да ги презентираат следните финалисти за 2020 година
По објавувањето на листата на новитети/ потенцијални учесници, увозниците ги номинираа своите фаворити за изборот на најпосакуван автомобил во Македонија т.е. наградата Златно Тркало.
Во ова прво издание на Изборот, со гордост објавуваме 14 модели учесници кои според правилата на изборот можат да се дел од ова натпреварување. Истите се номинирани од соодветните овластени увозници и поделени во 5 категории: ГН Најпосакуван автомобил, Градски, Бизнис, Семеен и Електрифициран. Оваа година Националниот Избор со гордост е спонзориран од Пнеуматик и Шпаркасе Лизинг, а категоријата Електрифициран автомобил од Батери Еволушн.
Во наредниот период ќе ви ги пласираме нашите искуства и мислења за секој од нив. Повеќето веќе ги имаме возено, а некои ќе ги возиме деновиве. Следете и не заборавајте од 15 февруари да гласате за Вашиот фаворит во сите 5 категории.
Финалисти по категории:
Најпосакуван Градски Автомобил
- DR Automobile DR3
- Ford Focus Active
- Opel Corsa
- Peugeot 208
- Škoda Scala
- Volkswagen T-Cross
- BMW Серија 3
- Hyundai Elantra
- SEAT Tarraco
- Hyundai Elantra
- DFSK Glory 580
- SSangYong Korando
Најпосакуван Електрифициран Автомобил
- Toyota Camry
- Toyota Toyota Corolla
- Toyota RAV4 Hybrid
Следи интересен период од настани и презентации на финалистите, а на крајот на месец март и свечено доделување на признанијата, на кое ќе поканиме десет среќни читатели од Вас.
Овој избор е организиран од Авто Плус и колегите од Car Club, CarsByVik и RPM. Следете не…